Возач на камион го оставил Свети Николе половина час без струја
Педесет и три годишен работник на АД „Гранит“ половина час го оставил без струја Свети Николе. Тоа се случило пред осум дена кога работникот О.М од Пробиштип додека извршувал градежни работи на автопатот во изградба Штип-Миладиновци.
Камионџијата со сандакот од камионот марка „мерцедес“ го скинал проводникот од електричниот далековод со јачина од 35 киловати што ја поврзува трафостаницата лоцирана во Овче поле со трафостаницата во Свети Николе. Трафостаницата е во сопственост на ЕВН Македонија. По оваа случка без електрична енергија, од 13.33 часот до 13.58 часот, останал градот и индустриската зона во негова близина. Така значително го нарушил редовниот живот на граѓаните и работата на фирмите.
Полициската станица во Свети Николе поднесе кривична пријава против О.М и го осомничи за сторено кривично дело „оштетување на јавна инсталација“./У.Ј