Татко натепал и тешко повредил син
Објавено на 5 јули, 2024 во 13:52
Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера вечер, го лишиле од слобода К.М.(51) од Кавадарци, по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа физички го нападнал сопствениот 27-годишен син.
-Во нападот учествувал и втор негов син Е.М., а биле употребени метален и дрвен предмет, при што на 27-годишникот му била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Пријавениот К.М. бил задржан во полициска станица и известен бил Јавен обвинител. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Стефани Манева