Тепачка при лепење на политички плакати во Градско

Објавено на 30 септември, 2021 во 12:53

Тепачката се случила вчеравечер кога триесет и три годишниот П.А го нападнал две години помладиот Д.С додека лепел политички пропаганден материјал на улица „Александар Македонски“ во Градско.

Денеска П.А бил повикан во Полициска канцеларија Градско на службен разговор.

– По целосно документирање на случајот против П.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.