Тепачка во Велес на улица „Максим Горки„
Објавено на 1 октомври, 2021 во 14:33
Во Сектор за внатрешни работи Велес вчера, 30 септември, околу 14:30 минути било пријавено дека на улица „Максим Горки“ во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу педесет и пет годишниот С.Л и дваесет и четири годишниот П.К. По целосно документирање на случајот ќе биде подесена соодветна пријава.
Инаку во текот на вчерашниот ден за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се пет лица на подрачјето на СВР Велес и против нив се поднесени соодветни поднесоци.
Стефани Манева