Убиство кај казино во Кавадарци – приведени три лица
Објавено: 27 август, 2025, во 09:48 часот
Рано изутрина, во 04:56 часот, во Одделение за внатрешни работи Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улица „Никола Минчев“ неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на коешто му била потребна помош.
Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, полициски службеници излегле на местото и констатирале дека дека тоа е четириесет и три годишниот кавадарчанец П.Т на кој му била укажана помош но и покрај тоа едкипата од Итна медицинска помош за краток период, поточно во 05:15 часот констатирала смрт.
-Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица, соопшти портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк


