Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија едногласно со 81 глас „за“ го избраа Максим Ацевски за главен државен ревизор откако беше предложен од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Ацевски даде свечена заклетва според која професионално, одговорно и транспарентно ќе го раководи Државниот завод за ревизија.
Педесет минути без електрична енергија, попладнево, околу 16.30 часот остана, една страна на улицата „Трајко Панов“ во Велес. Во целосен мрак беа првиот клон на детската градинка „Димче Мирчев“, објектот Дом на НВО и приватни домови на триесеттина велешани.
Матеј Гелев, ученик во 8 одделение во ООУ „Блаже Конески“ во Велес е еден од вкупно шестчлениот македонски ученички тим кој на 16. Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (16. IJSO) во Доха, Катар освои две сребра и три бронзи.
Во седумдесетите години на минатиот век велешкото стопанство беше едно од најдобрите не само во Македонија туку и пошироко во тогашна Југославија. Брзиот раст доведе производите на водечките компании како „Порцеланка“, „Свилара“, „Димко Митрев“, АК „Лозар“, „Ветекс“ и многу други, покрај на домашниот да се продаваат и на странскиот пазар. Токму увозот и извозот на суровини и репроматеријали ја наметна потребата од отворање на Цринска испостава во Титов Велес.
Приватните лекари и во првите шест месеци вгодина од Фондот за здравство ќе добиваат исти исплати. Нема да вршат превентивни активности но, ќе има промена на шифрарниците и на нови цели. ФЗОМ им ветил поголема сигурност на лекарите од Приватните здравствени установи затоа што без нивна согласност во иднина ништо нема да се променува.
Семејно насилство постои и покрај тоа што се работи на негова превенција. Но жртвите веќе не молчат како порано. Дека биле тепани, малтретирани, бркани и сексуално злоставувани тие пријавуваат како во полиција така и кај голем број на граѓанските организации кои работат на превенција и подигнување на јавната свест. Охрабрувањето се должи и на националните кампањи за пријавување на насилство, рекоа истражувачите на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на панел дискусија на тема „Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство“ органзирана од Организација на жени на Општина Велес.