Празник на полицијата: Отчет за работата!

Објавено на 7 мај, 2013 во 16:36

За 17 отсто помалку кривични дела и за 8 отсто помалку поднесени кривични пријави бележи статистиката на полициската станица во Велес.

За една година граѓаните сториле вкупно 1260 кривични дела. Најмногу од класичниот криминал 1176 а најмалку од областа организиран криминал, само шест.

Велешките полицајци се пофалија дека расветлиле 467 од вкупно 790 извршени кривични дела со непознат сторител. Кога на ваквата состојба ќе се додадат и 40 расветлени кривични дела од претходните години тогаш остварената откривачка ефикасност изнесува 61%, што е највисок процент во споредба со останатите сектори за внатрешни работи во Македонија, пишува во соопштението на СВР Велес.

Полициската станица исто така соопшти дека во 2012 година е обезбеден релативно добар јавен ред и мир. Граѓаните направиле за 12 отсто повеќе прекршоци во споредба со оломнани.

Сообраќајната полиција обезбедувала услови и претпоставки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот иако бројот на несреќите е зголемен за 4,6 отсто. Лани на подрачјето на секторот се случиле 279 сообраќајки или за 11 повеќе во 2011 година.

Во последната година велешката полиција до Основниот суд во Велес поднела вкупно 4427 барања за поведување на прекршочна постапка од кои 1843 завршиле со пресуди. Во споредба со 2011-та тоа е скоро два пати повеќе.

Лани имало и три пожари повеќе во споредба со оломнани кога биле евидентирани 72.

Полицискиот отсек за превенција реализирал вкупно 22 проекти, одржал  28 средби со граѓани, 227 трибини, 23 работилници и поделил 8000 едукативни флаери. Полициските портпароли дале  70 изјави во медиумите. Полицијата учествувала во две крводарителски акции./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.