ЗНМ: Законот за медиуми не е дел од европските препораки!

Објавено на 18 мај, 2013 во 19:33

Новинари од Велес учествуваа на дводневната дебата по законот за медиуми организирана во Охрид од Здружението на новинари на Македонија. Како дел од еснафот 75 новинари од внатрешноста разговараа, даваа предлози и изнесоа мноштво забелешки.

Драган Секуловски од ЗНМ изјави дека е спорен концептот, но и структурата на законот. Заблуда е дека ќе се решат проблемите во интернет сферата и промоцијата на Владата. И владината кампања не е дел од овој закон и таквите одредби не се според европската регулатива. Но, треба и да се прашаат граѓаните дали се потребни измени во законот, вели Секуловски.

Присутните новинари сметаа дека во Македонија, како и во повеќето земји во Европа, не е потребен закон за медиуми. Побараа да се почитува Уставот во кој слободата на говор и слобода на изразување е право на секој граѓанин.

„Во овој момент, во оваа фаза се проблематични во оваа фаза. Еден од ние е Агенцијата за регулација која според колегите има погрешно поставена структура и концепт. Има заблуда дека законот ќе ги реши проблемите во интернет порталите и со владините реклами. Ставот на сите е дека печатените и електронски медиуми, веб порталите не треба да се дел од овој закон бидејќи тие не спаѓаат во законско решение. Исто така владините кампањи не се дел од овој закон кој се декларира дека дел е европската агендата, што не е вистина.  Во оваа фаза треба да се задржиме на препораките на Советот на Европа како и директивата за аудио изуелни услуги. Треба да се прашаат и граѓаните,“ рече Секуловски.

Здружението на новинари конечните забелешки на овој закон ќе ги усогласи до крајот на овој месец./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.