Обновено:Нема притвор за осумтемина матуранти кои натепаа полицајци!
Распитот на осумтенна матуранти во велешкиот суд траеше осум часа откако пред една недела натепаа тројца полицајци.
Тие дадоа исказ пред истражната судијка Снежана Николова и сведочеа зошто забавата по повод матурата на еден од нив заврши со инцидент во кафуле во трговскиот центар. Нервозни родителите додека чекаа дали ќе има притвор за нивните синови, кои го бараше обвинителката, рекоа дека и нивните деца биле тепани во полициската станица. Обвинителството се откажа откако заврши распитот ,но судијката превентивно им ги одзема личните документи па ќе мораат редовно да се јавуваат во велешкиот суд. Излегоа задоволни и ниту тие ниту родителите и нивните адвокати не сакаа да коментираат за тоа што се случувало во вторникот ноќта, 40 минути по поноќ. Изјава нема ниту од полицијата туку само преку кусо соопштение информираат дека тројцата полицајци станале жртва на гневните матуранти бидејќи интервенирале по пријава од соседите поради прегласна музика. Успеале да ги совладаат момчињата откако на помош дошле нивни колеги. Против петмина е поднесена кривична пријава за напад на службено лице на должност, а против тројца за спречување на полицајците да си ја извршат должноста. Истрагата ќе продолжи во велешкиот суд со распит на полицајците и сведоците на настанот. Инаку за дела за кои се товарат момчињата предвидена е казана од 6 месеци до десет години затвор./Б.Н.