Настрадаа градините од Потокот и месноста Исмаил чешма во минатонеделното невреме
Невремето со силен пороен дожд кое го зафати Велес ,во градското подрачје направи најголеми штети во населбата „Поток“. Таму граѓаните се жалат на поплавени подрумски простории ,наноси од земја и оштетувања на покривите. Додека во околината најпогодени се земјоделците кои имаат насади во близина на Исмаил Чешма.
Таму уништени се повеќе хектари земјоделско земјиште ,лозја и градинарски култури. Земјоделците од овој крај велат дека штетите им се високи ,затоа што уништено е речиси се што ималe засадено. Токму двете посочени локации во градот и надвор од него гравитираат во близина ,па не чуди што од невремето најмногу пополаки имаат тамошните жители.
Ова го потврдуваат и од локалната самоуправа. Во граѓанскиот серис центар пристигнале 15 барања од граѓани кои бараат проценка на штети од поројните дождови. Надлежните апелираат и до останатите лица кои имаат штета тоа да го пријават побрзо за да може и општинската комисија да има пореална слика при проценката.
Инаку синоптичарите најауваат пообилни врнежи деновиве. Сосотојбата будно ја следат и земјоделците од Речани и од Шорка. Тие се на локации покрај бреговите на реката Вардар. Таму има градини во кои се одгледуваат раноградинарски култури. Нивото на Вардар засега е во нормални граници ,но во последните години во овој период ,реката се излева и предизвикува метеријални штети./Д.С
