Групна кршевка на граѓани во Велес
Меѓу петнаесетината граѓани кои денеска ја примија православната вера, на групната крштевка во реката Бабуна беа и браќата Војдан и Дамјан од Скопје. И двајцата решиле по дваесетина години од својот живот токму на овој начин да станат членови на православната црква, бидејќи како што велат станува збор за несекојдневен настан.
„Чувството е убаво, несекојдневно. Интересно е тоа што не пријавија од Велес и тие не пријавија и многу сум и благодарен,“ рече Дамјан Сиљановски.
Најмлада меѓу оние што се крштеваа денеска беше пет годишната Анастасија.
„Најинтересно ми беше кога отец Игор ме зема во раце“, рече Анастасија Митревска.
„Интересно беше оти е најмала, но добро помина се, ја примивме православната вера,“ рече Љупче Митревски, таткото на Анастасија.
Повардарската епархија ја организира групната крштевка. Свештениците велат за да се стане член на православната црква неопходно е да се прими Светата тајна – Крштение.
„Нашите млади почнаа да се враќаат во храмовите и тоа е добро,“ рече свештеникот Игор Пармачки.
Седма година по ред се одржува групната крштевка на Бабуна. Досега на овој начин се крстени повеќе од 300 луѓе./Д.С
