Наезда од скакулци во Велес

Објавено на 21 јули, 2014 во 12:13

Со кафена боја и должина од дури петнаесетина сантиметри, овие грди инсекти не им даваат мир на велешани. Ги има насекаде, во дворовите, на улиците, скокаат во воздух па дури влегуваат и во домовите. Граѓаните едвај се справуваат со нив. Велат ги има премногу насекаде низ градот, особено во вечерните часови кога се собираат во јато и влегуваат во куќите.

Наместо со ширум отворени врати и прозорци, велешани седат затворени на овие горештини, но велат тоа е единствениот начин да се одбранат од скакулците.

Над територијата на градот годинава два пати имаше авионско прскање во градот. Но тоа очигледно не помогна да ги уништи ниту комарците ниту другите инсекти.

Од општината веќе се обратиле до Центарот за јавно здравје за проблемот со скакулците. Вработените во службите на оваа институција треба да утврдат за каква појава станува збор и со каков третман можат да ги ништат.

Инаку вакво нешто досега не паметат велешани. Иако не се опасни по здравјето на граѓаните, скакулците се грда и језива слика во градот.

Со ваков проблем неодамна се соочуваа и Неготинци. Општината таму спроведе второ авионско прскање против скакулци./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.