На болницата и треба специјалист физијатар
Велешката болница го решава проблемот со недостиг од персонал кој со години наназад го тиштеше здравството. Во последните шест години се вработени 23 доктори и дваесетина сестри. Според директорот Атанас Василев, со новите вработени на извесен начин се покриваат потребите во болницата.
Се прават напори и за усовршување на медицинскиот персонал преку специјализација во земјава и странство.
„Последните четворица млади доктори што ги вработивме ќе одат на специјализација во странство. Двајца во Германија, двајца во Белград. Така да ќе имаме квалитетни млади лекари кои ќе работат во нашата болница. Во иднина ќе вработуваме нови млади доктори,“ рече д-р Василев.
Според директорот задоволувачки бил бројот на вработени на одделението за физикална терапија што од денеска ќе работи во целосно реконструиран објект. Таму моментално работи еден лекар физијатар на кого му помагаат уште двајца колеги кои доаѓаат од медицинските центри од Кавадарци и од Неготино. Така ќе биде до септември кога болницата планира да вработи уште еден специјалист физијатар./Д.С
