Три илјади евра чини надежта на семејството Симонови за оздравување на нивната Валентина

Објавено на 19 август, 2014 во 11:44

Велешанката Валентина Симонова пет години се бори со мултиплекс склероза. Но ја губи битката затоа што болеста напредува и освен што и ги одзеде левата рака и нога, сега и го зафаќа вратот. „Тоа значи дека под ризик се повеќе центри во главата,“ рече Валентина, која нема пари да си купи терапија на природна основа и витамини. По десетина години работа во текстилните фабрики болната жена сега е без плата, добива 4 илјади за нега на болен и уште толку пари остварува нејзиниот сопруг Петре како волонтер во болницата во Велес.

„ Врзана сум за постела и сама не можам да се облечам, хранам, капам и да одам. За се се потребни пари а моето семејство ги нема. И синот не ми работи. Еден литар млеко го делам повеќе денови во шолчиља за кафе, колу да ги испијам лековите. По инфузијата што на секој шест месеци ја примам во болница во Скопје ми треба храна и витамини кои не можам да ги купам,“ рече Валентина.

Таа на секои шест месеци оди во Клиниката за неврологија во Скопје и добива инфузии со кортикони. Болната жена вели дека тоа не и помага без витамини и режим со посебна исхрана па се чувствува како билка која полека вене.

Искра надеж за подобрување на здравјето на сопругата, на Петре, му дале лекарите Клиниката за васкуларна хирургија во Ниш. Ги открил на интернет, им го испратил медицинското досие на Валентина а тие одговориле дека со операција ќе го успорат развојот на болеста и жената ќе стане од постела. Но, операцијата чини 3 илјади евра, пари што Симонови ги немаат.

„Ги молам луѓето да ми помогнат. Ако успеам да ги соберам парите ќе ја носам Валентина во Ниш. На сите однапред им благодарам бидејќи голема надеж ми даваат пациенти кои се оперирале и сега се подобри и се движат. Тоа го посакувам и јас, Валентина да може да стане сама од постела и барем да се грижи за неа,“ рече Петре.

Валентина е најголем оптимист во семејството Симонови. Таа смета дека може да ја прескокне најголемата животна препрека доколку со помош на добронамерни луѓе успее да ги собере парите за операцијата. Донациите можат да се уплатат на трансакциската сметка на Валентина Симонова во НЛБ Тутунска банка со број 210 501654125044./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.