Илјада социјалци во Велес бараат отпис на долгови

Објавено на 10 октомври, 2014 во 11:14

Понеделник е крајниот рок до кога граѓаните можат да поднесат барање во Центарот за социјални работи. Од министерството за труд и социјала велат дека нема да има продолжување на рокот. Околу илјада гаѓани од социјално загрозени категории досега поднеле документи за отпис на долгови во Велес. Најчесто бараат државата да им ги прости долговите за струја, а потоа и за радиодифузна такса и кредит од банка.

Право да побараат отпис на долг имаат корисниците на социјална помош, невработени кои активно бараат работа повеќе од една година како и луѓе кои западнале во криза поради смрт на брачен другар.

Според надлежните, првите решенија за отпис на долгови ќе се издадат до 25-ти октомври, а целиот процес треба да заврши до крајот на идниот месец./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.