Осуден и поттикнувачот на грабежот на бензиската кај Штипско џаде
Десет години казна затвор доби велешанецот Ѓоргија Саздов, обвинет за поттик и организирање на разбојништво на бензиска пумпа. Тој останува во притвор се до почетокот на издржување на затворската казна.
Според обвинението Саздов бил поттикнувачот и мозокот на кражбата што се случи лани два дена пред Нова Година на бензиската станица на Макпетрол кај Штипско Џаде.
Но освен него судот ги казни и останатите двајца учесници во грабежот Оливер Трифунов и Ѓоре Давчев. Нив судот им додели казна затвор од пет години.
Разбојништвото се случи на дваесет и девети декември минатата година кога во раните утрински часови двајца маскирани разбојници влегле во бензиската и со нож му се заканиле на вработениот. Го зеле прометот од четириесет и три илјади денари и избегале во непознат правец. Минатата година бензиските станици на Макпетрол честопати беа мета на разбојници. Маскирани со закани со нож влегуваа, им се закануваа на вработените и го одземаа прометот./Д.С
