Американскиот амбасадор Џес Бејли во посета на волонтерите на градилиштето на „Хабитат“ во Велес

Објавено на 17 март, 2015 во 15:58

Дваесет и тројца волонтери од кои тројца професори и дваесет средношколци од интернационално училиште од Москва ја градат петтата станбена зграда во населбата Хабитат во Велес. Тие работат на внатрешноста на дванаесетте станови кои би требало да бидат готови до крајот на годината. Нив денеска на градилиштето ги посети американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

„Една од причините заради која сакав да дојдам во Велес е блиската соработка меѓу македонските и американците во Велес. Ова е пример на една американска организација која отишла преку Атлантикот, која што вклучува доброволци, некои од нив професионалци во градежништвото некои не, но сите споделуваат една заедничка желба да изградат подобри заедници. И јас не можам да си замислам подобра форма на меѓународна соработка од оваа. Многу членови на американската амбасада имаат дојдено тука да донираат доброволен труд и јас мислам дека тоа е многу добар начин барем нешто да се врати овде во Македонија,“ рече Бејли.

Соработката помеѓу американската организација Хабитат и општина Велес најверојатно ќе продолжи и во иднина и тоа со градење на станови и на други локации во градот.

„Општина Велес е спремна да изготви нови локации на кои би можеле да се градат уште вакви станови и да ја продолжиме на некој начин оваа експанзија на градење на ваков вид домување. Општината и советот се подготвени ќе ја дадат максималната поддршка за градење на вакви станови наменети и за млади брачни парови, рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Невладината организација Хабитат веќе осум години во Велес гради згради за вдомување на семејства со ниски примања. Објектите ги градат странски волонтерски тимови во соработка со членовите на семејствата , сопственици на становите. Досега се изградени четири згради во кои веќе живеат семејства во 24 станови./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.