(ФОТО) Глетка во Велес: Гулабите атракција исто како во Сараево, Дубровник и во многу други метрополи во светот

Објавено на 2 ноември, 2020 во 10:30

Gulabi1 fin

2.11.2020

Со ќесе во рака, полно со пченица, пензионери од градот успеваат да направат вистинска атракција и во Велес, по примерот на бројни градови на наши соседи или светски туристички центри.

Добронамерните граѓани ги хранат гулабите а тие создаваат убава глетка затоа што по колвањето на пченицата, полетуваат па повторно слетуваат на плоштадката на горниот крај од популарно наречената „Свиларска зграда“ во градот.

Gulabi2

Вака десетици гулаби се дел од хуманиот пристап на овие граѓани. Ги прашавме: Зошто ги хранат птиците?. Нивниот одрговор гласеше: И тие имаат потреба од храна. И не само гулабите туку и врабчињата а летово и ластовичките иако важат за многу плашливи птици се собираа околу нас за да колвнат по некое зрно. Освен што правиме хуман гест, интересно е да уживаме во глеtката која ни ја создаваат како нам така и на случајните поминувачи, рекоа овие сограѓани.

Тие упатија апел како до граѓаните, кои можат да придонесат со по едно ќесе со житната култура, така и до општината:

-Ако се купи и остави, се разбира со максимална заштита, на неколку локации по една вреќа пченица оваа глеtка ќе ја имаме на повеќе локации во градот. Прво ќе ја јакнеме свеста на граѓаните за грижа кон птиците и второ ќе ни се радуваат децата во градот. Ние ги гледаме, додека седиме и ги користиме последните топли сончеви, како се смеат и подаваат рачиња за да ги дофатат додека нивните мајки ги возат во количките или поголемите дека се насмеани, значи им предизвикуваме радост, кога подзастануваат за да уживаат во летот, слетувањето и повторното полетување на птиците, рекоа пензионерите./У.Ј

Gulabi3

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.