Велешани дисциплинирани, нема викендов казнети под дејство на алкохол, додека управувале превозни средства 

Објавено на 9 ноември, 2020 во 17:16

policijaakciskakontrola fin

9.11.2020

Вчерашната контрола на сообраќајната полиција на Секторот за внатрешни работи Велес, што полициските службеници ја спроведоа од 16.00 до 22.00 часот, покажа дека велешани совесно ги управуваат автомобилите, моторите и мопедите. Тоа не може да се констатира за возачите во Кавадарци и Неготино.

Иако полициските службеници од полициските станици во овие два градови напишаа само осум казни сепак говори за податокот дека зад волонат се нашле двајца пијани возачи во Кавадарци и шест под дејство на алкохол во Неготино. 

-На возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави, потврди портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Во викенд полицискиот билтен е евидентиран и еден физички напад. Се случил во велешкото село Мамутчево.
Таму во саботата, на 7 ноември, П.Ј.(61) бил физички нападнат од С.К.(53). Тепачката во полициска станица Велес била пријавена во 10.50 часот.

– По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, рече Додевски./С.А.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.