СВР Велес: Велешанец каснат од куче скитник и регистрирани 16 граѓани кои не ноеселе маска
01.03.2021
Во Полициска станица Велес, П.Ј. (24) пријавил дека на главната улица „Благој Ѓорев“ бил каснат од куче скитник. Во текот на истиот ден и Љ.А.(19) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, пријавила дека на улица „Благој Нечев“ била касната од куче скитник.
Истиот ден во период од 08:00 до 16:00 часот, на автопатот Градско-Велес, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од пропишаната. Регистрирани се 11 прекршоци и против овие лица ќе бидат санкционирани соодветни пријави.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 16 велешани. Исто така казнети се 13 граѓани во Кавадарци и тројца во Неготино. Вкупно регистрирани се 32 лица.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева