Да му помогнеме на шестгодишниот Марко, за операција на тумор на мозок
04.03.2021
Има само шест години и убаво име Марко но боледува од тешка болест, тумор на мозокот. Ова дете е премладо за да разбере со што се соочува. Затоа има убава детска насмевка на неговото лице. Марко е втора радост на семејството Шпеткови и син на велешанка што живее во Скопје.
Досега семејството на Марко успеваше финансиски да се справи со лекувањето на синот дома и во странство. За жал тоа не му помогна на детето. Сега, семејството е немоќно да ги поднесе трошоците во висина од 56.570 ЕУР за операција во болницата „Аџибадем“, во Истанбул,Турција.
Детскиот живот може да се спаси, со едно одрекување на пиење кафе, семеен или деловен ручек поточно вечера во кафеана, прослава на осмомартовскиот празник или организирана забава со повод.
Финансиските средства можат да се пренаменат и уплатат на отворените сметки од страна на семејството Шпеткови во Комерцијална банка АД Скопје.
Денарска со број 300001000026677 или девизна со број МК 07300307050978133 SWIFT: KOBSMK2K со назнака Марко Шпетков – донации.
Потребно е финансиските средства што поскоро да се соберат, апелираат родителите на Марко Шпетков.
Касичка за донации е поставена во ресторант „Епицентрум“ во Велес.
Убавка Јаневска