Почина маж на 56 години од корона вирус во Општа болница Велес
Објавено на 10 март, 2021 во 15:12
10.03.2021
Починатиот е од Горно Оризари и се лекувал само еден ден на Инфективно одделение. Вчера исто така од одделението бил транспортиран и втор пациент во приватната болница „Систина“ во Скопје.
Денеска во велешка болница вкупно се хоспитализирани 46, од кои 34 се потврдено позитивни и по шест сомнителни и пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 20 пациенти.
Од вкупниот број на пациенти 39 се лекуваат на Инфективно одделение и седум на Интерно одделение.
Убавка Јаневска