Се почитува полицискиот час од велешани, неготинци и кавадарчани
12.03.2021
Во изминатите две ноќи дежурни екипи на терен на СВР Велес не се регистрирани прекршувања за време на полицискиот час. Велешани, неготинци и кавадарчани го почитуваат полицискиот час и седат дома. Полициските службеници во Кавадарци забележале само еден прекршок.
-За непочитување на забраната за движење евидентирано е едно лице во Кавадарци. Против ова лице кое се движело без дозвола за време на полицискиот час, ќе следуваат соодветни мерки, рече Додевски.
Полицискиот час е воведен од среда 10 март, годинава во период од 22:00 до 05:00 часот.
Во полицискиот билтен, во изминатите 24 часа,е регистриран еден напад од куче, домашен миленик, без надзор што се случил вчера околу 12.15 часoт кога во СВР Велес, М.Б.(26) од Велес ја пријавила случката на ул.„Трајче Панов“ во Велес. Полицијата работи на на расчистување на случајот.
Исто така во влчерашниот ден, во периодот од 08.00 до 16.00 часот, на подрачјето на Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина оголема од пропишаната и притоа се регистрирани шест прекршоци кои ке бидат санкционирани со соодветни пријави, соопштија од СВР Велес.
Од таму информираа дека во период 11./12.03.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 26 лица, и тоа, 15 во Велес и 11 во Кавадарци. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Убавка Јаневска