Еден ковид пациент транспортиран од велешка во болница „Систина“ во Скопје
Објавено на 14 март, 2021 во 16:28
14.03.2021
Во Општа болница Велес денеска се лекуваат вкупно 49 пациенти од кои 41 се потврдено позитивни, 5 сомнителни и 3 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 17 пациенти.
Од вкупниот број 42 лежат на Инфективно одделение 7 на Интерно одделение.
Вчера попладне болницата организирала транспорт за еден пациент во Скопје поточно до Приватна Болница „Систина“.
Во Велес денеска има 324 активни случаи и по 15 новозаболени и излекувани граѓани од Ковид-19
Убавка Јаневска