Се полни Инфективно одделение во велешка болница, вкупно хоспитализирани 60 ковид пациенти
Објавено на 16 март, 2021 во 12:30
16.03.2021
Во Општа болница Велес денеска се лекуваат вкупно 60 ковид пациенти од кои 49 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и девет пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
Од вкупниот број на пациенти 50 лежат на Инфективно одделение и 10 на Интерно одделение, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се вкупно 21 пациент.
Во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева