Коцевски: Ковид состојбата станува сериозна во Велес
18.03.2021
Состојбата во Велес предизвикана од Ковид -19 е сериозна и многу полоша во споредба со претходниот месец. Новиот сој на корона вирусот се шири многу побрзо и предизвикува поголеми компликации кај пациентите и почесто ги напаѓа младите и децата, за разлика од претходниот сој. Во нашиот град посебно станува сериознo во основните училиштето каде има еден позитивен ученик и 43 кои се во изолација. Со најголем ризик се двои основното општинско училиште СВ „Кирил и Методиј“, каде има голем број заразени ученици.
– Многу сериозна е состојбата во основното училиштето СВ „Кирил и Методиј“, каде една паралелка од второ одделение наместо да држи настава со физичко присуство ќе премине он лајн. Има еден наставник кој е позитивен, три во изолација поради контакт со заболени. Од стручните служби двајца се во изоалција, од технички служби пак има еден позитивен како и еден директор на основно училиште кој е позитивен на ковид-19. Додека во средните училишта имаме двајца ученици кои се позитивни, тројца во изолација, еден наставник позитивен и четири наставници во изолација, додека директори и од техничките служби нема позитивни. Во детска градника Димче Мирчев, има две дечиња кои се позитивни и 68 дечиња кои се во изолација, седум наставници или воспитувачи кои се позитивни, 12 во изоалција и еден вработен од техничките служби кој е позитивен, рече градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција.
Екипите на Здравствениот дом во месец февруари имале вкупно 839 прегледи, а само во првата половина на март вкупно 574, што значи дека бројот на прегледи е сериозно зголемен. Во Општа болница Велес, до утрово, се хоспитализирани 58 лица, од нив 50 се позитивни, двајца сомнителни и шест пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. Од нив 28 лица се на кислородна поддршка, во Инфективно одделение се згрижени 36 пациенти, на Интерно шест и во новата модуларна ковид болница 16 пациенти. Во моментов има 42 слободни болнички кревети, но велешката болница бара Армијата повторно да биде вклучена во помош на модуларната болица.
-Беше доставено барање до Кризниот штаб кое јас денеска ќе го упатам до началникот на Генералштаб на Армијата на Северна Македонија, за тие повторно да се вклучат во помош на модуларната болницата во обезбедување со цел да нема многу контакти на роднини и пријатели на лицата кои се згрижени во модуларната ковид болница и да спречиме ширење на вирусот, додаде Коцевски.
Ширењето на вирусот најчесто го предизвикуваат младите кои се дружат во угостителските објекти, но постојат и семејства кои се целосно во изолација и нема кој да ги снабдува со прехрамбени производи и лекови па сами пазаруваат со што го загрозуваат животот на другите. Исто така, потојат и граѓани кои ги кријат своите симптоми со цел работодавачите да не им ја намалат платата.
Коцевски е задоволен од почитувањето на полицискиот час на граѓаните и апелираше до сите граѓани да не ги прават овие грешки и да ги почитуваат мерките донесени од страна на Министерство за здравство, да држат растојание, да вршат дезинфекција како и да носат заштитни маски, со цел да се спречи ширењето на новиот сој на корона кој се шири многу брзо и предизвикува сериозни компликации како кај постарите лица така и кај младите.
Стефани Манева