СВР Велес: Велешани го почитуваат полицискиот час и вкупно 19 лица кои не носат маска
Објавено на 19 март, 2021 во 09:46
19.03.2021
Велешани го почитуваат полицискиот час, во текот на последното деноноќие нема евидентирано граѓани кои ја прекршиле забраната за движење во период од 22:00 до 05:00 часот.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се вкупно 19 лица, од кои девет во Велес, четири во Кавардци и шест во Неготино.
Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките донесени од страна на Министерство за здравство, да држат растојание, да прават честа дезинфекција и да носат маски, со цел да се спречи брзото ширење на новиот сој на ковид-19.