Се полни и модуларната болница со ковид пациенти во Велес
19.03.2021
Како последица од новиот сој на корона вирусот, во последното деноноќие починати се двајца пациенти во Велес, маж на 82 годишна возраст, позитивен и лекувам еден ден и жена на 68 годишна возраст лекувана три дена на Инфективно одделение.
Во моментов во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 69 пациенти, од кои 53 се потврдени позитивни, седум сомнителни и девет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се 28 пациенти.
Од хоспитализираните ковид пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 41 пациент, на Интерно одделение девет пациенти додека во Модуларната болница вкупно 19 пациенти.
Се апелира до граѓаните да не се групираат и да ги почитуваат воведените мерки од страна на Министерство за здравтво, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Стефани Манева