Починат пациент од коронавирус во велешка болница
Објавено на 20 март, 2021 во 16:01
20.03.2021
Маж на 69 годишна возраст што се лекувал два дена на Интерно одделение во Општа болница Велес денеска почина од Ковид-19.
Во болницата од корона вирус вкупно се хоспитализирани 66 пациенти од кои 51 се потврдено позитивни, осум се сомнителни и седум пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение се лекуваат 44, во Модуларната болница 14 и на Интерно одделение осум ковид пациенти.
На кислородна поддршка се 32 пациенти.
Денеска од болничко лекување испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска