„ И Македонциве се народ и местово нивно е Македонија“ (втор дел)
21.03.2021
Пишува:
Љупчо Данов, хроничар и истражувач
По вчера објавениот прв дел на статијата со наслов „ И Македонциве се народ и местово нивно е Македонија“ во која објавив повеќе факти и докази за постоењето на македонскиот идентитет, државност и вековната борба со соседите и Европа за признавање денеска следи вториот дел на статијата во која ви ставам на увид што се случувало на територијата на Велес и велешко во времето кога македонската интелигенција се борела за признавање надвор од границите на Македонија.
Еве што дознаваме од турски извори и архивски документи:
Прво, Црковно-општинско училиште е отворено во Велес во 1832 година, а женското училиште во 1850 година. Но, Македонски православни христијани после 1847година од разни мисионери имале изградено основни училишта и други средни училишта, цркви, домашни училишта и градинки, болници. Како резултат на нивната интензивна пропаганда, овие објекти се спомнати во повеќе европски и американски мисионерски организации, а поголем број македонските православни христијани во 1859 година во Кукуш и околината преминале во католички христијани.
Православните христијани исто така во Скопска Црна Гора, Дојранско и во 58 села во областите на овие градови како и Гевгелија , преминале во католичката религија и тоа преку 38 католички школски курсеви. Исто така, во тоа време, имало и 49 католички свештеници. Од постоечките пет училишта, 4 биле католички училишта. Католичката религија на Папата,насочена против православните христијани, била многу внимателно толерирана од турските власти. Слободата на верско определување и образование направиле нивниот јазик да го признаваат како главен јазик. Католичката пропаганда во Македонија од Солун направила лазаристички центар.
Мисионерските организации сакале да се поврзат преку православните христијани со руски и панславистички движења, Тие сакале да се создадат чувства на непријателство кон муслиманите. Словените од Македонија преку мисионерство работеле против сопствената религија, образование, култура, и се во корист на некоја економска (не)зависност.
Помеѓу 1839-1876 година во Отоманската империја, еднаквоста и правдата биле обезбедени за Словените од Македонија , а корист од „Преродбата” имале повеќе училишта и весници , со објавени книги, со отворање читалишта и библиотеки.
Помеѓу 1857-1880 година во 16 општински училишта наставата се држела по учебник објавен во согласност со плановите и програмите од “преродбата” од водечките македонски писатели Партение Зографски, Кузман Шапкарев, Димитар Македонски и Ѓорѓи Пулевски. Повеќето од книгите биле објавени во Истанбул.
Словените од Македонија првите весници на македонски јазик ги објавиле во Истанбул во втората половина на овој век, поточно во 1864 година во Истанбул објавен е весникот “Македонија” , 14 години подоцна објавен е “1878 Календар” додека во 1885 година весникот “Македонски Глас”.
Помеѓу годините 1839 и 1876 Отоманската империја имала толерантен однос. Во Македонија се граделе цркви и училишта, а илјадници студенти се запишувале на курсеви за учители. Односот на државата кон овој хуман и цивилизиран гест бил прифатлив, но овие места и овие училишта станале дел од борбата против турската држава и нација. Во овие училишта, студентите се школувале со чувство на омраза против Турците и муслиманите. Подоцна, овие наставници се вклучени во наставата на бугарски јазик во општинските училишта и цркви. Нивните активности, започнување на војната против Османлиската Империја и кон турската нација, донесени се од непријателска политичка организација од Бугарија. Во последната фаза на непријателството против Отоманската Империја и турската нација, тие имале свои училишта, цркви, места за состаноци и за подготовка на востанието против државата, кога собирале муниција и правеле депоа за оружје.
Всушност, пред инвазијата од страна на армиите на балканските земји, односно пред Балканските војни, во Македонија имало околу 2.300 цркви и околу 2.500 свештеници, изградени 2.000 училишта и 3.000 учители, обучени на курс. Овие бројки се дадени од страна на христијаните од Османлиската империја .Во Македонија постоела еднаквост и целосна верска, образовна и културна слобода на христијанското население.
Во втората половина на XIX век, особено по 1878 година и Берлинскиот конгрес , во Македонија немало национално, ниту религиозно единство. Постоеле христијани кои живееле со грчки, бугарски, српски, влашки и други пропаганди, се поврзувале со нив, и како резултат на еден ужасен судир на верата и народноста, често преку анархија и насилство, колење, тие ги организираат немирите.
Така, помеѓу 1878-1912 година, Отоманската империја еден од најголемите проблеми го имала со Македонија. Во текот на овој период, Отоманската Империја и турскиот народ кои живеел во Македонија биле многу добронамерни и толерантни против не-турските граѓани , но Македонските Словени не биле задоволни.
Отоманската војска во Првата балканска војна учествува во борбата против армиите на балканските сојузници. Во Српскиот дел на Македонија по инвазија од страна на армиите од балканските држави ,на Македонските Словени им се забранува да зборуваат на мајчин јазик. Исто така се забранети религијата, образованието, културата. Тие ја изгубија националната слобода. По Првата светска војна, српската администрација во “Српска Makeдонија” вели: „Нема Македонци ! Вие сте Јужносрбијанци !!“ Во училиштата, во библиотеките,во весниците не се говори и пишува Македонски јазик . Српската Владата ги забрани.
Како резултат на ова, се нагласува дека слободата создадена од страна на образовни, културни, економски, социјални и политички услови на Македонските Словени во втората половина на XIX и почеток на XX век веке ја нема во Македонија . Македонската национална свест што беше создадена во Отоманската империја веке ја нема. Во Отоманската империја со фер и толерантна политика што се спроведува од страна на не-турски елементи, нивниот јазик, религија, образование и култура, и така натаму ги одржуваа своите национални вредности со национални средства и интегритетот.
Тоа е втората страна на медаљата за случувањата во Македонија, превземени од турски архивски извори. Но, медаљата има и прва страна. Таму пишува:
,,Отоманска Турција направи голема грешка што и дозволи на Бугарската егзархија да навлезе и да се рашири низ Македонија. Во Македонија требаше да се дозволи да се обнови Охридската архиепископија, која е канонски постара од Егзархијата и ги имала сите права над македонските епархии. Ако Османлиската империја им дадеше на Македонските Словени автономија , со свој Парламент, на чело со свои истакнати поединци кои народот ке ги сакаше, можеби ке беа избегнати Балканските војни. Турција ке ја имаше Автономна Македонија за сојузник која ке се бореше за нејзино автономно опстојување и ниту Бугарија, Србија и Грција не ќе можеа да ја придобијат на своја страна со пропаганди и повици за востание. Ако Македонија станеше сојузник на Турција на Балканот, веројатно Турција ке останеше уште долго таму присутна. Можеме да кажеме од ова историска дистанција дека Турција тогаш погреши!! Македонија требаше да добие автономија.“
Ова признание на официјалната турска историска мисла е онаа нишка што недостига во историската свест на Македонецот , барем на оние свесни и разбрани родољуби, кои занесени од разно-разните пропаганди војуваа за туѓи интереси , стремежи, идеали , верувајќи дека го прават најдоброто за Македонија.
Ова е мисла кажана официјално на Меѓународниот симпозиум ,, 150 Годишнината од Tанзимат“ одржан од 31 Октомври до 3 Ноември 1989 година. (Анкара: ТТК. 1994 година. 489-499.)