Култното место „Црвенкапа“ во градскиот парк заличи, граѓанин смета дека езерцето ќе му создаде проблем поради близината до неговиот дом
22.03.2021
На култното место „Црвенката“ во градскиот парк во Велес, сега има мини езерце што според очекувањата на Општината треба да привлече внимание на поголем број на граѓани, особено на најмладите. Местото се’ уште не е комплетно уредено бидејќи до сега е изградено само патека околу езерцето и поставени се клупи за седење. Но тоа предизвика реакција на сопственик на куќа што се наоѓа во непосредна близина на езерцето, кој се сложува дека е атрактивно, можеби изгледот ќе опстојува извезен временски период но сепак смета дека тоа ќе му создава проблеми поради близината на неговата куќа.
– Пумпите и сите цевки се во вода. Езерцето во основата е под вода и само прашање на време е кога ќе биде комплетно запустено од претходниот изглед ќе биде поголема бара. Па така вентилите ако добро се загледаш можеш да ги видиш, иако се комплетно под вода. Сепак ставени се на длабочина од два метри. Јас гарантирам дека ќе изгледа интересно и убаво на отварањето но ќе трае и функционира само неколку месеци, рече граѓанин на куќа во непосредна близина на езерцето.
Тој во името на уште неколку сопственици на куќи во близина на градскиот пливачки базен исто така се пожалија и на изграден бунар, за потребите од вода на базенот, од кој протекувала вода што се слевала во нивните дворови и домови.
Дума.мк го праша градоначалникот Аце Коцевски, на прес конференција, дали езерцето може да предизвика поплава во околните куќи и каков е ставот на општината.
-Куќата се наоѓа на кота која е повисока од езерцето и нема никаква опаснот. Куќата е доволно оддалечена, езерцето е на кота пониска од котата на темелите или воопшто на објектот на таа куќа која се наоѓа таму. Истовремено ги користиме водите кои и без тоа течеа на тоа место и се изворски вод. Според мене изградбата на езерцето е предност за куќата бидејќи пред тоа тие води се разлеваа насекаде и создаваа непријатна состојба. Откако ќе никне тревата која треба да се посади, ќе се постават и сите елементи што недостасуваат и мислам дека ќе биде многу атрактивно место како за најмладите или дечињата така и за повозрасните и ќе биде максимално искористено во наредниот период, додаде Коцевски.
Останува на времето да покаже дали поплаките во случајов на граѓаните ќе бидат издржани или пак општината ќе биде во право.
Стефани Манева