Почината пациентка од ковид-19 во Општа болница Велес,транспортиран пациент на скопски Клиники
23.03.2021
Жена на 71 годишна возраст починала ноќеска на Инфективно одделени во велешка болница. Таа од корона вирус болнички се лекувала четири дена.
Еден ковид пациент вчера бил транспортиран од болницата во Ковид центарот на Клиника за неврологија во Скопје.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување е примен еден нов пациент. Денеска во болницата вкупно се хоспитализирани 78 пациенти од кои 50 се потврдено позитивни, 19 се сомнителни и девет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 32 пациенти.
Најголем број на ковид болни се лекуваат на Инфективно одделение поточно 48 со што капацитетот е целосно пополнет. Во Модуларна болница се лекуваат 18 додека на Интерно одделение 12 ковид пациенти.
Денеска од велешка болница се испишани осум пациенти, како оздравени, со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска