Почина маж во велешката болница позитивен на корона вирус, двајца нови пациенти на болничко лекување
26.03.2021
Маж на 64 годишна возраст починал на Инфективно одделение во велешка болница. Тој бил позитивен на корона вирус и бил лекуван шест дена.
Во последните 24 часа на болничко лекување се примени двајца нови пациенти. Во моментов хоспитализирани се 75 лица од кои 64 позитиви, три сомнителни и осум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се вкупно 31 пациенти.
Најголем дел од ковид пациентите се лекуваат на Инфективно одделение се поточно 53 пациенти. На Интерно одделение осум и во Модуларната болница вкупно 14 пациенти.
Бројот на ковид пациенти секојдневно расте, се апелира до сите граѓани да носат маска, да држат растојание, да вршат редовна дезинфекција и да го почитуваат воведениот полициски час со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Стефани Манева