(ФОТО) Исчистен дворот на Домот на НВО и кеј на Вардар во Велес
28.03.2021
Активисти на Фондација „Фокус“, на Извиднички одред „Димитар Влахов“, на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение и екологисти се одзваа денеска на повикот на ЕД „Вила Зора“ и го исчистија дворот на зградата на Дом на невладини оранизации во Велес. Исчистен од смет е и кејот на река Вардар како и бојадисан е летниковецот во дворот на објектот.
Собрани се 22 вреќи смет од по 250 литри, како и сите паднати и исушени гранки од ниско стеблести растенија како и уреден е летниковецот.
-Задоволна сум од денешната еколошка акција посветена на денот на пролетта што поради лошите временски услови ја презакажавме од 21 март за денеска, 28 март. Денеска се виде на дело дека граѓанските активисти своето слободно време го користат за волонтирање. Оваа акција за чистење треба да прерасне во традиција во која ќе учествуваат не само 25 граѓански активисти туку и сите граѓани кои би сакале да се вклучат во ваков вид на акција. Би биле пресреќни кога вакви добри практики би виделе на целата територија на град Велес а зошто не и на подрачјето на општината. Ги поттикнуваме граѓаните да бидат организатори на вакви акции во своите Урбани заедници, згради, куќи со што заедно ќе придонесеме за да ја подобриме и во исто време да покажеме грижа за животната средина, рече Сашка Коцевска потпретседател на ЕД „Вила Зора“.
Дворот на зграда на НВО пред еколошка акција
Дворот на НВО по еколошката акција
Зграда на Дом на НВО во Велес
Собрана количина на смет
Учесниците во еколошката акција
Во денешната акција учествуваа 25 граѓански активисти додека во вчерашниот ден акцијашот ветеран Боре Манев ги скрои трендафилите и зеленилото на влезот во објектот.
Акцијата ја помогна Општина Велес и ЈКП „Дервен“ кој што ќе го изнесе сметот.
Убавка Јаневска