Почина маж во велешка болница позитивен на корона вирус и еден маж транспортиран во „Жан Митрев“
Објавено на 9 април, 2021 во 12:00
09.04.2021
Мажот е на 53 годишна возраст од село Мартолци, позитивен на ковид-19 и лекуван еден ден во Модуларната болница. Во текот на вчерашниот ден, попладне, транспортиран е маж на 54 годишна возраст во Приватна болница „Жан Митрев“ во Скопје.
Во моментов хоспитализирани се 101 ковид пациент, од нив 88 се потврдени позитивни, пет сомнителни и осум пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се вкупно 46 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 44, на Интерно одделение 10, во Физикална шест лица и во Модуларна болница 41 ковид пациент.
Во текот на денешниот ден испишани се шест лица како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева