Тепачки, казни за непрописно престигнување, не носење маски и прекршување на полициски час

Објавено на 13 април, 2021 во 11:32

veles helihopter fin

13.04.2021

Два физички напади се случиле во последните 24 часа од кои едниот во село Горно Оризари и другиот во Кавадарци. Според полицијата првиот случај го пријавила 19 годишната Р.Џ од село Горно Оризари која била физички нападата вчера, околу 18:30 часот од З.Ц.

Вториот физички напад се случил во Кавадарци каде 20 годишнот М.Ј,  вчера, пријавил дека пред четири дена, на 8 април, околу 15:00 часот, физички бил нападнат од Д.Б и Н.Д. на место викано „12-те Другари“.

Се работи на расчистување двата случаи, рече Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.

Сектор за внатрешни работи Велес, ифнормира, исто така, дека во текот на вчерашниот ден од 07:00 до 13:00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, регистрирани се 10 прекршоци, од кои седум во Велес и три во Кавадарци, кои ке бидат соодветно санкционирани.

За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, во периодот 12 и 13 април 2021 година, евидентирани се 31 лица од кои 15 се велешани, 10 кавадарчани и шест неготинци.

Полициските службеници исто така, евидентирани и два случаи во Велес за непочитување на забрана за движење во полициски час. Против лицата ќе следуваат соодветни мерки.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.