Велешки „Димко Митрев“ наскоро еколошка фабрика за кожа и производи од кожа

Објавено на 13 април, 2021 во 13:32

krznara dimkomitrev

08.04.2021

Една од најстарите македонски фабрики за кожа и крзнени производи се определи за еколошки инвестиции со цел освен во усовршување на производството исто така да вложува и во примена на софистицирани модели на заштита на животната средина. Велешки „Димко Митрев„ повеќе не ги загадува водите на реката Вардар со отпад што е создаден од обезмастување на кожите и содржи растворувач прехлоретилен.

Менаџерите на компанијата опасната материја ја собираа и складираа за од неа да извезат прва количина од 21,5 тони, надвор од Македонија, поточно во Австрија.

Компанијата има Пречистителна станица за прочистување на отпадните води што како инвестиција ја чинеше 300 000 евра. Сега чека на Дозвола за градба од страна на Општина Велес што ќе и овозможи комплетно заокружување на Системот на прочистување на отпадните води од процесот на производство. Оваа инвестиција следи по поставениот филтер што го прочистува воздухот од отпадниот гас по согорување на јагленот во котелот на погонот за преработка на кожа.

– Во компанијата котелот на јаглен произведува техничка пареа за потребите во производството на погонт за штавење на кожата. Отпадните гасови од согорување на јагленот минат низ филтер што не дозволува загадување на воздухот. И ако ова е беше дел од првата сега следи втора фаза на заокружување на Системот на прочистување на отпадните води чија изградба ќе започне штом ја добиеме Дозвола за градба и ќе го промениме котелот кој наместо јаглен ќе користи течен нафтен гас, рече генералниот извршен директор Атанас Киров.

Обезбедените документи, во согласност со регулативата на Европскиот Парламент и Европскиот совет за испорака на опасен отпад, како и од македонското законодавство за контрола и прекугранично движење на отпадот и за управување со отпад, на велешки „Димко Митрев“ му овозможуваат испорака на уште 28,5 надвор од Велес и од државата.

Ова како добра практика на изградена еколошка свест како на менаџерите така и на вработените во фабриката го истакна, на прес конференција, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

– За да добие Б-Интегрирана еколошка дозвола операторот „Димко Митрев“ беше задолжен опасниот отпад да го собира во пластични танкови, да го складира на локацијата се до неговото предвање. Истовремено се обезбедуваше и документација и дозволи за преку гранично отстранување на отпадот. Општина Велес посветно работи со инсталациите во делот на почитување на условите и мерките од Б-Интегрираните еколошки дозволи и ќе ја користи секоја прилика да ја запознае јавноста со позитивните активности на бизнис секторот во делот на заштитата на животната средина. Затоа повикувам овој убав пример на „Димко Митрев“ да го следат и другите компании кои поризведуваат отпад во нивното секојдневно работење, додаде Коцевски.

Велешки „Димко Митрев“ има добиено Б-Интегрирана еколошка дозвола за работа и досега совесно и одговорно работи на нејзината законска примена.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.