Спроведена акциска контрола на моторцикли и казнети 44 граѓани за не носење заштитна маска
Објавено на 16 април, 2021 во 08:44
16.04.2021
На подрачје на Сектор за внатрешни работи Велес, на 15 април, вчера, во период од 12:00 до 18:00 часот, била спроведена акциска контрола на моторцикли. Регистрирани се вкупо 15 прекршоци од кои седум во Велес, три во Кавадарци и пет во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, рече Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.
Во текот на истиот ден, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 44 граѓани. Од казнетите 25 се велешани, четворица кавадарчани и 15 неготинци.
Забраната за движење во период од 20:00 до 05:00 часот, е почитувана од страна на сите граѓани во Велес и Неготино додека во Кавадарци има регистрирано еден прекршок за време на полициски час.
Стефани Манева
