Во недела нова крводарителска акција во Велес
21.04.2021
Продолжува традиционалната, долгогодишна , соработка на полето на крводарувањето помеѓу Општинската организација на Црвен Крст и здружение на граѓани Мото клуб „Носачи на крстот“.
Досега оваа крводарителска акција се оддржувала по повод 9-ти ноември, еднаш годишно. Но поради заинтересираноста на крводарителите , оваа година, се организира и пролетна акција.
Таа ќе се оддржи на 25 април, недела, во просториите на Ликовен салон во Велес. На истата се очекува како и досега освен моторциклисти учество да земат и граѓани кои се нивни но и подржувачи на Црвениот Крст . Акцијата е отворена и за сите заинтересирани граѓани кои имаат желба преку дарувната крв да спасат човечки животи и да придонесат за јавното здравје на населението.
Оваа крводарителска акција ќе биде спроведена според сите протоколи коишто се воведени од Министерство за здравтво, во услови на пандемија на Ковид-19, како што се безбедност на крводарителите и на организаторите.
Биди хуман, дарувај крв и спасиј нечиј живот, рече Орце Николовски, секретар на велешки Црвен Крст.
Крводарителска акција, ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до 16:00 часот или ќе се одвива со времетраење од седум часа.
Стефани Манева