Почина жена од Ковид-19 во велешката болница
Објавено на 21 април, 2021 во 13:34
21.04.2021
Пациентката била велешанка на 83 годишна возраст, позитивна на корона вирус, лекувана четири дена на Инфективно одделение.
Бројот на хоспитализирани се немалува, денеска вкупно 88 ковид пациенти се лекуваат во Општа болница Велес. Од нив 74 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 38 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 35, на Интерно одделение девет пациенти, во Физикална 11 и во Модуларна болница 33 ковид пациенти.
Стефани Манева