Двајца велешани не го почитувале полицискиот час и 18 не носеле маска

Објавено на 22 април, 2021 во 08:43

policiski cas veles duma

22.04.2021

Сектор за внатрешни работи Велес, соопшти дека во последното деноноќие, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 32 лица. Од нив 18 во Велес и по седум во Кавадарци и Неготино.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Во текот на истиот ден, двајца велешани не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час, која започнува во 20:00 часот и завршува во 05:00 часот.

Овие мерки се воведени со цел да се заштитиме од корона вирусот, затоа се апелира до сите граѓани да носат маска и да го почитуваат полицискиот час.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.