Се поправа физикалното одделение во велешката болница
Kонечно започна реконструкцијата на старата и трошна болничка зграда. Се уриваат дел од ѕидовите, од преостанатите се симнува малтерот, се вади старата електро, водоводна и канализациона инсталација, прозорците и вратите.
На физикална ќе се одвои стационарниот дел од терапевтскиот. Лежечките пациенти ќе треба да добијат нови соби додека за амбулантските пациенти се подготвуваат кабинети.
Додека трае реконструкцијата пациентите од одделението се преместени дел на ортопедија а дел на неурологија.
Поправката ќе трае до крајот на наредниот месец. Според тендерот градежните работи ги изведува фирмата “Изгрев“ и тие чинат 140 илјади евра.
Во болничкиот комплекс, одделението за физикална терапија досега работеше во најстариот и најтрошен објект. Во неговото приземје функционира и одделението за трансфузиологија. Тоа не е опфатено со сегашното реновирање. Од министерството за здравство најавија дека велешка трансфузиологија ќе се поправа вгодина/Б.Н
