Сојузот на спортови на Велес објавува конкурс за „Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес“
“Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град ВЕЛЕС“, организаторот “Сојуз на спортови на Велес“, распишува: КОНКУРС за доделување на награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес,
за 2021 година
1. “Сојузот на спортови на Велес“ покренува постапка за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, за 2021 година“.
2. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Велес.
3. Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чие седиште е во Велес.
4. Предлозите за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, за 2021 година“, се за следниве категории:
– Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени);
– Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени);
– Најуспешен тренер во сениорска конкуренција
– Најуспешен тренер во младинска конкуренција
– Најуспешна спортска екипа од Велес во сениорска конкуренција (прво,второ и третто место) ;
– Најуспешна спортска екипа од Велес во младинска конкуренција (прво,второ и третто место) ;
-Најуспешни спортски манифестации организирани под покровителство на општина Велес за 2021год.
-Најуспешно осново или средно училиште од областа на спортот за 2021(најдобри спортски резултати на општински зонски регионали и државни првенства организирани од училишната федерација на Македонија)
-Најуспешен спортски судија од град Велес за 2021 година
-Спортисти кој потекнуваат од Велес, а се дел од македонската репрезентација и со успех го преставуваат и афирмираат Велес во државата и надвор од неа преку настапи во репрезентацијата и својте клубови на меѓународни натпревари.
5. Критериум за спортските остварувања се резултатите постигнати на олимписки, светски, европски првенства и други меѓународни натпреварувања.
6. Клубовите и нивните членови од екипните спортови се рангираат преку настапи на големите натпреварувања, кои претходно учествуваат на натпревари во соодветните македонски лиги,квалификациите и , европските,светски купови и други регионални натпреварувања.
7. Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и нивните членови, со седиште на подрачјето на град Велес, со уредна документација којашто треба да содржи: копија за регистрација на субјектот со седиште во Велес, копија од регистрациска книшка на предложениот спортист/ка, тренер со право на настап на натпревари во тековната година, официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, код-системи и слично.
8. Јавниот конкурс трае 10 работни дена сметано од денот на објавувањето, од 09.12. до 16.12.2021 година.
Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, во секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во Салата Гемиџии во канцеларијата на Диме Велев или лично на претседателот на Сојузот на Спортови Велес Ангел Љутков Моб 078245559, со назнака за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, за 2021 година“.
Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 078245559
Сојуз на спортови на ВЕЛЕС – “Комисија за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град ВЕЛЕС, и доделување на награди и признанија“