Заштитетни и листовите на палмите во Велес
Објавено на 4 јануари, 2016 во 12:07
Целосна заштита добија и палмите во Велес. Освен стеблата кои се завиткани со трска и јутени вреќи, сега со најлони се заштитија и листовите на тропските дрвја. На овој начин одговорните веруваат дека ќе ги заштиттат од измрзнување поради ниските температури. Деновиве службите со најлони ги заштитија листовите на четириесетината палми, насадени на неколку локации во градот, на влезот во Велес, во паркот кај поранешниот Офицерски дом и во Младинскиот парк.
Заштитата и грижата за палмите предизвика невообичаен интерес кај граѓаните. Тие со внимание го следеа обвиткувањето на палмите во зимско руво. Сепак опдговорните сметаат дека само на овој начин палмите ќе можат да ги преживеат ниските температури./С.А