За „Колска“, ВМРО ДПМНЕ со котра прашања до СДСМ
Наместо одговори на прозивките од социјалдемократите за неспособното управување на кадрите на ДПМНЕ во фабриката за шински возила во Велес, во писмената реакција, владејачката ВМРО ДПМНЕ постави контра прашања за опозицијата.
„Каде е инвестицијата од француски Лор за Колска што ја ветувавте пред 10 години? Каде исчезна словачкиот инвеститор кој ветувавте дека ќе ја спаси фабриката? Зошто ги лажевте вработените дека сте договориле странски инвестиции за Колска? Зошто заборавивте на вашите ветувања за влез на странски капитал во фабриката кога бевте на власт?, пишува во реакцијата.
Во неа ВМРО ДПМНЕ тврди дека велешка Колска работи со намален обем но дека државата успевала да ја одржува во живот фабриката , а за потребите на вработените локалните функционери имале редовна и интензивна комуникација со извршната власт барајќи решенија за состојбата во која се наоѓала фабриката./Д.С