Општината и Хабитат ќе ги евидентираат сите згради во Велес
Хабитат и општината заеднички ќе ги евидентираат сите колективни станбени објекти во Велес. Ќе прават база на податоци во која освен бројката на обејкти ќе се регистрира видот и состојбата во која се наоѓаат тие, како и на електричната и водоводната мрежа, оџаците , лифтовите и на помошните скали за пожар, а ќе се прави и регистар на управители на згради. Анкетата ќе ја прават екипи од двајца или тројца анкетари во зависност од големината на зградата и бројот на жители во неа.
„Со овој проект сега ќе ја прошириме соработката и ќе отвориме можност да ги евидентираме станбените згради во општина Велес а со тоа да направиме простор понатаму и за разни интервениции, главно од типот на енергетска ефикасност или друг вид на интервенции се со цел да се подобри квалитетот на домување во колективните стамбени згради. Ова е евиденција на постоечките стамбени згради“, рече координатор на проектот од Хабитат Лилјана Алчева.
Денеска Хабитат потпиша меморандум за соработка со општина Велес за отпочнување на проектот за подготовка на регистар на станбени згради и регистра на управители. Во иднина ќе се евидентираат и новите колективни станбени објекти./Д.С