Центарот за развој на Вардарски плански регион обезбеди тенди за манифестациите на општините
Четири тенди со купола набави Центарот за развој на Вардарски плански регион. Тие ќе се користат за потребите на сите општини од Вардарскиот регион , за сите манифестации кои ќе се одржуваат во текот на целата година. Денеска две од тендите беа поставени пред административниот влез на спортската сала Гемиџии во Велес. Општината планира да набави уште четири кои ќе бидат во функција на големите настани што ќе ги организира годинава.
„Во рамките на овој проект предвидено е да изработиме и брошури во кои ќе бидат запишани сите манифестации во градовите од Вардарски регион“, рече раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Марко Колев.
„Нашата замисла е да набавиме уште четири тенди со цел да ги унифицираме и да ги ставиме во функција на поголемите настани што ќе ги организираме во градот , на пример како што е питијадата“, рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Четирите тенди чинат 500 илјади денари, пари обезбедени преку програмата за развој на Обединетите нации./Д.С