Почина избодениот маж пронајден на излезот од Велес

Објавено на 12 февруари, 2016 во 09:06

Почина шеесет и пет годишниот велешанец  кој пред десет дена беше пронајден во бесознание и облеан во крв на земјениот пат од левата страна на реката Вардар на јужниот излез од градот.  Тој починал во Ургентниот  центар во Скопје каде бил пренесен  со неколку убодни рани во стомакот и повреди на главата и телото.

Во бесознание шеесет и шетгодишниот маж го пронашол негов роднина во вечерните часови на еден километар по завршувањето на улицата Коле Цветков во Велес.

Полицијата се уште презема мерки за расветлување на  случајот./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.