Две децении „Вешта жена“ во Велес (ФОТО)

Објавено на 12 февруари, 2016 во 10:18

Само две години е домаќинка и собра храброст своите кулинарски способности да ги прикаже на годинешната манифестација „Вешта жена“. Рамо до рамо со поискусните домаќинки, дваесет и петгодишната Марија Перковска  за натпреварот подготви полнет пилешки ролат за главно јадење и чоколадна торта за десерт.

„Мојата маса се вика „Пролетна идила“.  За главно јадење подготвив  полнет пилешки ролат  со блитва, кашкавал и лут буковец. За  десерт направив  чоколадна торта со лесен фил , ги подготвував еден цел ден. Се надевам дека ќе победам “, рече Петковска.

На синoќешната манифестација „Вешта жена 2016 “ во Велес  се натпреваруваа пет  млади жени од  различни градови на регионот.  Целта на манифестацијата, според организаторите, не е победата туку креирање на се што е ново  и модерно презентирано преку храната  и свечената  маса за четири лица.

„ Последниве две години, а се надевам дека и во иднина  ќе продолжиме така да ги вклучуваме младите  за да ја продолжат  традицијата за избор на вешта жена, а тоа се  нашите ќерки нашите снаи и  внуци.  Тогаш ќе ја добиеме правата тежина на Вешта жена“, рече претседателката на Вешта жена Снежана Ѓорѓиевска.

За прв пат годинава на манифестацијата  Вешта жена се прогласуваат три успешни жени во образование, бизнис секторот и хуманата дејност.

„Марта Мирова, сопственичката на бутикот „Четири сезони“ е прогласена за успешна жена во бизнис секторот,  директорката на основното училиште Васил Главинов Лилјана  Николова е успешна жена од образование и третата е Васка Ѓорѓиева, хуманитарка со која всушност и започна оваа манифестација во Велес“, рече претседателката на Организацијата на жени во Велес, Мира Трајкова.

„Вешта жена“ во Велес се одржува веќе 20 години, додека на републичко ниво, годинава слави дваесет и пет годишен јубилеј. Годинешен победник на манифестацијата е Сања Бачманова од Велес. /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.