Македонска љубов на шведски начин
Сигурно помисливте дека ќе пишуваме и зборуваме за некоја нова остварена љубов и да, во право сте, но овој пат ќе пишуваме за љубовта кон бизнисот, за страста која ве води да ги остварите своите бизнис амбиции и да дадете нешто ново во општеството. Нешто како Rekovinst. А токму Rekovinst е македонска љубов на шведски начин. Популарната апликација која ги освои скандинавските земји, од неодамна го најави и стартот на својата работа во Македонија, а токму Велес беше одбран како седиште за новата инвестиција.
За почеток мал тим ќе работи на промоција и продажба на апликацијата кон клиентите, со оглед на тоа дека во Македонија овој начин на презентирање на услугите пред корисниците на паметни телефони се воведува за прв пат преку влегувањето на Rekovinst во земјата истакна генералниот менаџер Горан Змејковски.
Но тоа не значи дека амбициите на Rekovinst се мали. Оваа апликација за која фирмите во Шведска, Данска, Норвешка даваат и стотици евра повеќе само за да се појават како промотори, за Македонија има подготвено посебна почетничка понуда, а своевремено со почетокот на работата кај нас ги прошируваат и своите амбиции за комплетно покривање на Балканот, секако со седиште во Велес.
Го прашавме г-динот Змејковски, патем велешки зет и сопруг на нашата сограѓанка Пандорка Карова Змејковска, што е толку специфично во рекламирањето со Rekovinst?
„Апликацијата пред се служи за забава и добробит. Она на што ние како Rekovinst сме особено горди е тоа што преку корисниците кои уживаат на апликацијата заедно со клиентите кои се присутни на апликацијата успеваме скоро 70 проценти од профитот да го реинвестираме и да го донираме на различните фондации за борба против ракот. Денеска многу поважно од бизнисот се меѓучовечките односи, а на овој начин ние даваме доста за развојот на општеството. Замислете само што би се случило ако секоја фирма својот профит го реинвестира и донира. Затоа скандинавските земји се сосема на друго ниво и од самата ЕУ. Ние ете имаме еден луд сон, дека скандинавското работење можеме да го примениме во Македонија, па и како што самите го насловивте интервјуто, Rekovinst е македонска љубов на скандинавски начин,“ рече Змејковски.
Од она што duma.mk го дознава е дека веќе се направени и неколку договори за соработка со различните организации кои во Македонија се борат против ракот, а исто така се надеваме дека и многу македонски компании можат да го следат и примерот на овој нов македонски бренд.
Кон крајот на месец Февруари апликацијата ќе биде достапна за сите андроид и iOS корисници на паметни телефони, а веќе се работи и на Windows верзија за оваа апликација. Велес сонуваме да биде македонска силиконска долина, има потенцијал градот, има млади луѓе со одлични идеи и можности за развој, и амбиците на Rekovinst не застануваат само на отварање на регионална канцеларија во Велес, но затоа може да разговараме кога истите и ќе ги оствари вели Змејковски.
Затоа време е и за вас овие денови да ја проверите достапноста на оваа апликација на вашите паметни телефони, ја спуштате, инсталирате и започнувате да играте на начин подобар од се досега. Зошто? Едноставно, се забавувате и донирате.
Добредојде Rekovinst./У.Ј и П.А